fbpx

Костадинов: Ги почнавме активностите за реализација на најголемиот проект во Струмица

 Костадинов: Ги почнавме активностите за реализација на најголемиот проект во Струмица

-Денеска ги започнавме активностите за реализација на најголемиот проект досега во општина Струмица.Над градот, во месноста Чамлк градиме Станбена населба со објекти за сместување на социјално загрозени семејства во Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-На локацијата којашто денеска започнавме да ја подготвуваме, а чиј проектен опфат изнесува 3,34 хектари ќе бидат изградени околу 100 типски куќи и создадени услови за квалитетен живот.Со населбата истовремено постигнуваме две цели-решаваме децениски проблем на булеварот „Климент Охридски“, односно со дивоградбите во долното Турско маало во кое не само што има лоши услови за живот, туку истиот и не е безбеден поради големата фреквенција во сообраќајот.Обезбедуваме солидни станбени објекти за сите социјално загрозени семејства и од долното и од горното Турско маало и никој нема да остане без покрив над главата.Изразувам голема благодарност до жителите за разбирањето и на граѓаните за големата поддршка којашто ја добивам.Ова е голем предизвик за кој требаше многу подготовки, силна желба и голема храброст. Јас ветеното го исполнувам. Обезбедуваме достоен живот за сите граѓани и заедно ја создаваме најдобрата верзија за Струмица, напиша Костадинов.

Share via
Copy link