„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
Костадинов ги прими шампионите на Кик бокс клубот „Зоран“ и ФК „Брера“
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на одвоени средби ги прими шампионите од Кик бокс клубот „Зоран“ и ФК „Брера“.
Во двете објави струмичкиот градоначалник напиша:
-Денешниов жежок ден е како создаден за прием на струмички спортски клубови кои постигнале голем успех на домашен или меѓународен план . Таков е случајот со приемот за претставници на Кик Бокс клубот „Тим Зоран“ од Струмица кои деновиве постигнаа врвни резултати на Балканското првенство одржано во Бар, Црна Гора. Го имав задоволството да ги поздравам гостите, да ги слушнам нивните импресии од Балканското првенство во Црна Гора, но и да им честитам на извонредниот успех и освоените медали, со што на најдобар можен начин, достојно го презентираа струмичкиот и македонскиот кик-бокс спорт. Имено, титулата балкански шампион и златниот медал го освои Антонио Тошков , со сребрениот медал и вицешампионската титула се закити Танкица Коцева, а бронзени медали освоија Драган Пандев и Александар Делиовски. Спортска Струмица, во оваа извонредно успешна година, има со што да се радува и да се гордее. Така му доликува на еден од најголемите македонски спортски центри, каков што е нашиот град, објави Костадинов.
-Денес го имав задоволството да ги отворам вратите на мојот кабинет токму за претставниците од Ф.К. „Академија Пандев Брера“ кои на дело покажаа како треба да се работи со најмладите, за да се гради сигурна иднина на клубот. Неодамнешните успеси тоа го покажуваат .Генерацијата 2008 на Фудбалскиот клуб „АП Брера“ освои двојна титула (првенство и куп), генерацијата 2007 го освои купот, генерацијата 2005 станаа шампиони во младинска конкуренција, а во рамките на детската лига, генерацијата 2013 се пласираше на 2 место, додека пак генерацијата 2015 заврши како третопласирана. Со таков успех не може да се пофали ниту еден македонски фудбалски клуб, објави Костадинов.