Полицијата затекнала малолетници во угистителски објекти, во еден им се точело и алкохол
Известување од Општина Струмица по повод празникот Курбан Бајрам
Почитувани граѓани,
Во пресрет на големиот верски празник за граѓаните од исламска вероисповед Курбан Бајрам, Општина Струмица како орган чија основна цел и задача е да го штити јавниот интерес и животот и здравјето на луѓето, земајќи ги во предвид временските услови на периодот во кој се одржува овој голем верски празник, како и традицијата на консумирање на јагнешко месо во деновите на празнување, ги известува сите граѓани од исламска вероисповед дека во кооридинација на општинските инспекциски служби и јавното комунално претпријатие ЈПКД “Комуналец“ Струмица, е воспоставен акциски план за постапување со отпадот кој ќе произлезе од животните наменети за конзумирање за време на празнувањето.,
Од страна на давателот на комунални услуги ЈПКД „ Комуналец“ Струмица ќе бидат поставени посебни садови за одложување и собирање на остатоците од животни и тоа на следниве локации:
-ул.Бетовенова, до храмот Св.Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
-ул.Бетовенова на раскрсницата на ул.Бетовенова со локалниот патен правец кој води кон областа Чамлак.
-ул.Славчо Стојменски над трговски дуќан „Маџир Промет“.
-На крстосница меѓу ул.5-ти Ноември со ул.Ѓорги Василев.
-с.Банско до старата Џамија.
Имајќи ги во предвид високите температури на воздухот и видот и природата на отпадот, како и последиците кои можат да бидат предизвикани од несовесно постапување со истиот, апелираме до сите граѓани отпадот од животните да го одложат на горенаведените локации, заради негово соодветно отстранување, и заради заштита и зачувување на животот и здравјето на луѓето.