Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ. Со наведената измена, вршењето на наплата […]
Tags : известување
Поради тековните градежно-реконструктивни активности во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица, годинава чествувањата во спомен на Свети Василиј Велики ќе бидат служени во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.Богослужбите ќе се одвиваат според следниот распоред:– Празнична вечерна служба на 13 јануари, со почеток во 16:00 часот– Света Божествена Литургија на 14 јануари, […]
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи во Кочани. Со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираме до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од Кодексот […]
Согласно Решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај во општина Струмица со бр.21-1088/4 од 02.07.2024 година од утре (01.08.2024 година) ќе има промени на режимот на сообраќај на улици во градот. Режимот на сообраќај се менува од двонасочен сообраќај во еднонасочен сообраќај, гледано од насока од улицата „Васил Сурчев’’ до крстосницата со улицата […]
Почитувани граѓани, Во пресрет на големиот верски празник за граѓаните од исламска вероисповед Курбан Бајрам, Општина Струмица како орган чија основна цел и задача е да го штити јавниот интерес и животот и здравјето на луѓето, земајќи ги во предвид временските услови на периодот во кој се одржува овој голем верски празник, како и традицијата […]
Општина Струмица ги известува граѓаните дека во следните 4 денови ќе се поставува втор слој асфалт на следните улици: -Петок, 17.05.2024 на улица „Братство Единство“ на потегот од улицата „24-ти Октомври“ до булеварот „Климент Охридски“. -Сабота, 18.05.2024 на делови од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“. -Недела, 19.05.2024 на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“. […]
Се известуваат сите граѓани дека пазарот „Чешел“ како и Кванташкиот пазар ке работат со редовно работно време за престојните Велиденски празници. Пазарот во „Глобал“ ке работи редовно во сабота додека во петок и понеделник ке биде затворен. Фото: архива
Заради работа на водоводната мрежа од 9 до 12 часот без вода ќе останат улиците: „24 Октомври“ од пресекот со улица „Жртви на фашизмот“ до пресекот со улица „Братство и единство“, улица „Жртви на фашизмот“ од пресекот со улица „Васил Сурчев“ до пресекот со улица „24 Октомври“, како и улица „Братство и единство„ од пресекот […]
Се известуваат сите граѓани дека во пресрет на празникот Божиќ, сабота останува работен ден за градските пазари и Трговски центар „Глобал“, а во недела и понеделник истите ќе бидат затворени. Во понеделник останува да работи само Пазарот на големо – Кванташки Пазар. Воедно уште еднаш на сите им посакуваме спокојни и благодетни Божиќни празници и […]
Се известуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот дека поради вршење на градежни работи на крстосницата на улицата „24 Октомври“ и улицата „Братство Единство“, ќе има пренасочување на сообраќајот. Апелираме до граѓаните за разбирање, трпеливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.