„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов ги врачи наградите за најубавите уредени дворови пред колективните станбени објекти
Градоначалникот Костадин Костадинов вечерва ги посети најубаво уредените дворови пред колективните станбени објекти и ги врачи ваучерите за освоени прво и второ место, информираа од Општина Струмица.
Со цел да се стимулира уредувањето и одржувањето на дворните места пред колективните станбени објекти, на иницијатива на градоначалникот Костадинов од општинскиот буџет беа издвоени 350 илјади денари и објавен Јавен повик кој траеше од 21 февруари до 31 мај годинава.Пристигнаа 2 апликации. По увидот што го изврши Комисијата формирана по Јавниот повик, првата награда ја доби дворот на улицата „Максим Горки“ бр.49, а втората, дворот на улицата „Крсто Узунов“ бр.3-22.
Градоначалникот вечерва ги посети станарите, им честиташе за наградите им ги врачи ваучерите од 200.000 за првото и 100.000 денари за второто место.