Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Костадинов го честиташе патрониот празник на Гимназијата „Јане Сандански“
-Учениците и вработените во средното општинско училиште „Јане Сандански“ денеска го празнуваат патрониот празник.Присуствував на одбележувањето, положив цвеќе пред спомен бистата, се напивме кафе со професорите и лично им го честитав празникот посакувајќи им многу успех во воспитно – образовниот процес и надвор од него, на натпревари и манифестации, потврдувајќи ја долгата успешна традиција во работењето на училиштето.Кусо седнав и на кафе со наставниот кадар и поразговаравме за актуелната состојба во образованието, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.