fbpx

Костадинов и Кутиров засадија дрвца по повод 30 години македонска царина

 Костадинов и Кутиров засадија дрвца по повод 30 години македонска царина

-Зелена и чиста Струмица е наша цел.Поттикнуваме и поддржуваме засадување на дрвца на сите локации во Општината. Денеска со посебно задоволство ја поддржав акцијата за засадување дрвца од Царинската управа и им благодарам што една од нивните планирани локации е токму нашата Струмица, односно, малиот парк на Телеком.Едно дрвце повеќе, почист воздух за сите, објави градоначалникот Костадинов.

Директорката на Царинската управа,Славица Кутиров истакна дека дрвцата се засадуваат во рамките на одбележувањето на јубилејот 30 години македонска царина. -Се надевам дека ова нема да биде последна таква акција и дека и во наредни прилики ќе имаме можност да направиме вакви или слични активности во Општина Струмица, рече директорката Кутиров.

Управничката на Царинарница Гевгелија, Тања Илијоска, рече дека царинските работници вчера имале крводарителска акција, во која биле собрани 29 едининци крв, а денес засадиле 30 дрвца со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните.

Share via
Copy link