fbpx

Камион излетал во Богданци, возачот потешко повреден

 Камион излетал во Богданци, возачот потешко повреден

Вчера во 20:00 часот во ПОлициската станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци, товарно моторно возило „мерцедес“ и полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(47) од Гевгелија, излетало надвор од патот, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link