Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Костадинов: Мицкоски со ново сценарио опасно за здравјето на граѓаните
По партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, без дистанца, а маски ретко кој и да носеше, вчера со ново сценарио опасно за здравјето на граѓаните, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов
-Имено, на посетата во Струмица , Мицкоски и членови на ВМРО-ДПМНЕ повторно на дело со прекршување на задолжителните мерки на дистанца, неносење маски и групирање. Но, како тоа да не беше доволно, Мицкоски пред јавноста изјави дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампања ќе биде меѓу народот,нема да се крие зад цитирам: сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, и на крај со порака граѓаните да ги очекуваат, додаде Костадинов.