fbpx

Костадинов: На 15 јули граѓаните ќе гласаат за коалицијата „Можеме“ која обезбедува повеќе пари во нивните буџети

Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол и кандидат за пратеник од СДСМ.

СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници.

Единаесет години ВМРО-ДПМНЕ манипилураше со социјалната помош, ја држеше на недостоинствен минимум, ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори, а примателите на социјална помош ги игнорираше.

За три години, СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток.

Го решивме проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечено, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

И во време на криза со коронавирусот продолживме со концептот парите назад кај граѓаните.

28 милиони евра враќаме назад кај преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам.

Дополнително го зголемуваме опфатот на домашната платежна картичка. Покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.

Продолжуваме да се грижиме уште повеќе и уште подобро. Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!

Затоа, на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети. Обнова на криминалот, обнова на режимот нема да има.

Share via
Copy link