fbpx

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија

 Откриени 211 мигранти кај Гевгелија

Синоќа околу полноќ во близина на базата на Македонија пат кај Гевгелија, во камион со скопски и полуприколка со струмички регистарски табли, полицијата откри 211 мигранти. Од нив 159 се државјани на Бангладеш, додека 52 се од Пакистан.

Возилото било запрено за контрола по претходно добиени сознанија дека во истото се превезуваат лица кои илегално ја поминале границата и се предмет на криумчарење. Мигрантите ги превезувал жител на Скопје кој освен што вршел криумчарење, управувал и возило со лажни регистарски таблички.

Share via
Copy link