Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Костадинов на средба со учесниците на Боемската вечер
-Струмица во рамки на Струмица Опен Фест поддржува исклучиво Македонска естрада и Македонски естрадни уметници.Денеска на мое огромно задоволство во мојот кабинет дојде Живко Динев и неговите колеги музичари, еден од организаторите на Боемската вечер која во 21 часот ќе се одржи кај чешмичката во големиот градски парк, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Тоа значи уште една афирмација на нашите локални изведувачи, поддршка на македонската песна која сите ние си ја сакаме и слушаме.Ова е потврда дека општина Струмица и јас, заедно со советниците, остануваме доследни на нашиот став во рамките на Струмица опен фест да немаме странски изведувачи, тоа е особено важно затоа што така си ги почитуваме нашите музичари и сметам дека тоа ќе допре насекаде во државата, оти нема кој да си го почитува своето, ако не ние самите.Ве повикувам вечерва да бидеме во големиот градски парк и заедно да уживаме во песните на Живко Динев, Сузана Гавазова, Миле Кузмановски и другите гости на Боемската вечер, напиша Костадинов.