fbpx

Костадинов: Почна добар дел од воспитниот и образовниот процес

 Костадинов: Почна добар дел од воспитниот и образовниот процес

Интегрално обраќање на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов

-Почитувани вработени во предучилишното, основното и средното образование од општина Струмица,Децата се нашето најголемо богатство, тие се нашата иднина. Влогот во нивниот развој и нивното образование е најдоброто нешто што можат да го направат и родителите и воспитно – образовниот кадар во градинките и училиштата.

За жал веќе втора недела заради протестот на СОНК, којшто продолжува и покрај разумното зголемување на платата за 10 проценти во ова кризно време, на децата им е скратено правото на образование иако законски им е загарантирано. Но, денеска охрабрува информацијата дека дел од наставниот кадар во Струмица ја препозна политичката манипулација, ја разбра тежината на ова кризно време и се врати на работните места и им се посвети на учениците.Честитки за нив, а ги охрабрувам и останатите уште еднаш да размислат дали сега е време да се бара финансии плус или да покажеме разумност и солидарност со вработените од останатите области, па и социјалните случаи и невработените, бидејќи никој не е поштеден од здравствената, економската, воената, политичката криза.

Струмица секогаш знаела како да се справи со предизвиците и кога изгледало невозможно нивното решение и да биде пример и за останатите.Ја имате мојата поддршка, како што имав слух и разбирање за сите ваши проблеми и заедно наоѓавме решенија, ајде уште еднаш да покажеме дека можеме да се издигнеме над личните интереси, дека не подлегнуваме на притисоци и дека децата и нивното згрижување и образование ни се најважни, бидејќи колку сега ќе им дадеме толку ќе ни вратат утре.

Share via
Copy link