fbpx

Двајца малолетни пешаци потешко повредени во сообраќајка во Струмица

Вчера во 21:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од улица„Братство Единство“, „Младинска“ и улица „24 Октомври“ во Струмица, патничко возило „смарт“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(24) од село Добрејци, удрило во двајца малолетни пешаци од Струмица, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешаците, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link