„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов се дружеше со македонските одбојкарски шампиони
-Колку е убаво да се дружиш со шампиони. Всушност, не е убаво, прекрасно е.Денес го имав задоволството да имам средба со одбојкарите и членовите на стручниот штаб на Одбојкарскиот клуб „Струмица“, кои пред неколку дена, повеќе од заслужено, се закитија со уште една шампионска титула во најелитното македонско одбојкарско друштво, објави градоначалникот Костадинов.
-Уште една шампионска титула – јубилејна, десетта по ред, уште една двојна круна, уште една одлична можност да им се стегне рака на шампионите.Нека се множат успесите, нека се занае дека Струмица е најодбојкарскиот град во джавата.Задоволство, радост, гордост…, напиша струмичкиот градоначалник.