fbpx

Костадинов: Струмичани добиваат затворен базен!

 Костадинов: Струмичани добиваат затворен базен!

-Денеска уште еднаш потврдуваме дека јас сум градоначалник од збор и дека одличната соработка со Агенцијата за млади и спорт и нејзиниот директор и мој другар, Наумче Мојсовски, донесе уште еден капитален проект во Струмица.Ја започнавме изградбата на затворениот базен во Струмица во спортско-рекреативниот дел на градот, кај пам патеката, во близина на АТШ Берово, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Проект баран од граѓаните, проект потребен на граѓаните. Струмица заслужува и треба да има затворен базен и еве дојде времето навистина да го има.Затворениот базен значи заокружување на уште едно големо предизборно ветување, Струмица да биде спортски град и тоа на половина од мојот мандат.Нека ни е со среќа овој капитален проект и нека ни се множат за доброто на сите нас, за доброто на општина Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link