fbpx

Костадинов: Ветувањата ги претворам во реалност

 Костадинов: Ветувањата ги претворам во реалност

-Јас ветувањата ги претворам во реалност.Од денеска започнавме со подготовките за трајно решение на проблемот со поплавите во нискиот дел на градот, односно, критичниот дел од улицата „Младинска“.Формираме мултисекторско тело составено од членови на Советот, претставници на општински јавни претпријатија и државни институции и општинската администрација, тело кое пред себе ќе има сериозна обврска и максимално ќе се заложам таа да биде брзо и квалитетно исполнета, објави градоначалникот Костадинов.

-Инженерите на ЈПКД „Комуналец“ веќе се на терен и ги прават првите испитувања за реконструкција на улицата „Младинска“, а со директорите на „Комуналец“ и „Струмичко поле“ го одржавме и првиот работен состанок.Јас моето ветување ќе го исполнам, а од вас мои сограѓани барам, да ми верувате и да бидете трпеливи и вие да го дадете вашиот влог за чисти одводни канали, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link