fbpx

Соопштение од Општина Струмица за воведување времен режим на сообраќај

 Соопштение од Општина Струмица за воведување времен режим на сообраќај

Во периодот од 2 до 5 Јуни, 2022 година, на повеќе локации во градот Струмица ќе се одржи четиридневна манифестација – Фестивал за љубители на велосипедизмот – „Вело Струмица“. Фестивалот „Вело Струмица“ се организира во рамките на спроведувањето на проектот „Струмица – Вело Град“, финансиран од фондовите на Европската Унија.

Централниот настан на фестивалот е планиран како мулти-програмски настан, а преку создавање на „Велосипедска зона“ во рамки на најпознатата урбана локација во градот – Старата Чаршија во Струмица, ќе биде одбележан 3 Јуни – Светскиот ден на велосипедот, со почеток од 20:30 часот. На централниот настан ќе присуствуваат Амбасадори, претставници на странски мисии и дипломатски кор во РСМ, градоначалници од земјата и странство и владини претставници.

Централниот настан ќе се одржи на крстосницата меѓу улиците „Маршал Тито“ и „Страшо Пинџур“. Заради таа причина, на ден 03.06.2022 година (петок) на оваа улица ќе биде воведен времен режим на сообраќајот во периодот од 12:00 часот до полноќ односно сообраќајот ќе биде затворен за возила на улица „Маршал Тито“ (Стара Чаршија), делница од крстосница со улица „Страшо Пинџур“ до крстосница со булевар „Ленинова“. На тој дел од улицата во периодот на одржување на настанот ќе биде забрането паркирање на возила. Од крстосница со улица „Ванчо Прке“ и улица „Први Мај“ до крстосница со улица „Страшо Пинџур“ ќе биде дозволен сообраќај на возила само за станарите. На тој потег, ќе биде воспоставен двонасочен режим на сообраќај во периодот на одржување на настанот заради движење на граѓаните од улица „Страшо Пинџур“.

Ве замолуваме дотурот на стока и паркирањето на моторни возила да го искоординирате и усогласите со Времениот режим на сообраќај.

Share via
Copy link