fbpx

Костадинов: Во Струмица нема повеќе диви продавачи на текстил

 Костадинов: Во Струмица нема повеќе диви продавачи на текстил

-Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил. Нелојалната конкуренција и грдата слика на градот се минато. Ова е резултат на силната желба и заедничкото работење на сите партнери во Локалниот совет за превенција.На денешната седма конференција се договоривме овој 100 процентен резултат да го повториме и кај другите отворени проблеми како што се нелегалната трговија со старо железо на улицата „Антон Панов“, вандализмот на урбаната опрема, а пред нас се и нови предизвици коишто ги носи летото, еден од нив е узурпацијата на тротоарите од страна на несовесните возачи, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Јас сум задоволен од досегашната работа на Локалниот совет за првенција, а тоа го потврди и ОБСЕ посочувајќи ја Струмица како пример во државата како треба да се решаваат проблемите во општините.Кога се сака, се се може. А јас, мојата Струмица ја сакам со решени проблеми на граѓаните, напиша Костадинов.

Share via
Copy link