Костадинов:Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот е потсетник за трагедијата која остави неизбришливи траги во историјата

 Костадинов:Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот е потсетник за трагедијата која остави неизбришливи траги во историјата

-Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот е потсетник за трагедијата која остави неизбришливи траги во историјата. Милиони жртви на насилство и нетолеранција ги претрпеа ужасите на Холокаустот, што треба да нè научи да цениме вредностите на мирот, еднаквоста и почитта за различностите.Овој ден ни дава можност да се заложиме за еднаквост, хуманост и одговорност во секојдневниот живот. Нека сеќавањето на минатото нè води кон изградба на општество кое ќе ги почитува човековите права и ќе се спротивставува на дискриминацијата и насилството, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Share via
Copy link