Осумнаесетгодишен мотоциклист потешко повреден во собраќајка во Гевгелија
Полициски билтен:приведен скопјанец за издржување затворска казна, малолетници во угостителски објект, физички напади
На 24.01.2025 во 23.10 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода С.И.(28) од Скопје. Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор во траење од две години за сторени кривични дела „кражба“. Лицето било задржано во полициска станица и ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
На 25.01.2025, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на угостителски објекти на подрачје на Струмица, при што во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетни лица после 24.00 часот. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.01.2025 во 12.20 часот во Полициската станица Струмица, Г.Л.(41) од село Владевци, струмичко, пријавил дека околу 02.30 часот во село Моноспитово, струмичко, бил физички нападнат од Д.С.. Истиот ден и С.П.(24) од село Мокриево пријавила дека околу 02.00 часот во село Моноспитово била физички нападната од Д.С.. По целосно расчистување на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.