„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов:Нема да има покачени сметки за комунални услуги за струмичани
Покачени сметки за комунални услуги за струмичани нема да има. Струмица нема да биде како Прилеп и други општини кои за 60 проценти ги покачија сметките за собирање смет, рече денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на седницата на Советот на која одговараше на советнички прашања.
-Граѓаните да бидат спокојни, јас, општина Струмица и општинските јавни претпријатија знаеме како да менаџираме и во услови на криза.Нема да има покачени цени, ниту пак намален обем на работа.Сега е време кога Општината мора да застане на страната на граѓаните.Струмица ќе претрпи финансиска штета, но истата нема да ја трпат граѓаните, подвлече Костадинов.