fbpx

Костадинов:Одговорно тврдам дека водата е исправна и хемиско- физичкиот состав и микробиолошки

 Костадинов:Одговорно тврдам дека водата е исправна и хемиско- физичкиот состав и микробиолошки

-Борбата против Струмица продолжува, чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата.Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки, објави вечерва на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадин Костадинов.

Неговата реакција доаѓа откако попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека водата за пиење не е исправна заради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното.

Во рекацијата на струмичкиот градоначалник понатаму стои:

-Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани.Наскоро вистината и за водата но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски.Ние струмичани сме трпеливи, сме издржале многу неправди и злобни работи, ќе го издржиме и ова, напиша Костадинов.

Share via
Copy link