fbpx

Костадинов:Струмица е лидер и единствен пример за сите останати општини во државата

 Костадинов:Струмица е лидер и единствен пример за сите останати општини во државата

-Вакво јавно признание денеска добивме од министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и останатите партнери кои учествуваа во отворањето на Советувалиштето за жртви на семејно насилство и родово базирано насилство, објави градоиначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој денеска заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше на отворањето на Советувалиштето за психо-социјална поддршка на жртви на семејно насилство и родово базирано насилство.

-Општина Струмица којашто се повеќе го достигнува својот врв кога станува збор за борбата против родово базирано насилство, имаше слух и ја даде својата поддршка за Советувалиштето, исто како што направи и за Шелтер центарот за жени жртви на семејно насилство. Како човек, и како градоначалник кој е против секакво можно насилство, иако давам максимална поддршка, лично, посакувам ова Советувалиште да има што помалку работа, а тоа ќе значи и помалку жртви на семејно насилство.Наместо семејства со насилство, посакувам семејства со разбирање, компромиси, почитување, особено во семејства во коишто има деца, тие треба да растат во здрава, стабилна и среќна семејна заедница, рече во изјавата струмичкиот градоначалник.

Советувалиште е отворено во партнерство со Асоцијацијата „ХЕРА“, Здружението на граѓани „Скај Плус“ и Општина Струмица. Финансиски е поддржано девет месеци од страна на „ХЕРА“, а останатите три месеци ќе биде финансиски поддржано од страна на Програмата за еднакви можности на мажите и жените на Општина Струмица.

Share via
Copy link