fbpx

Жител на Свети Николе пронајден починат на паркинг во Николиќ

Вчера во 16:20 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека на паркинг простор во село Николиќ, Дојранско, бил пронајден починат Т.Н.(51) од Свети Николе, соопштија денеска од СВР Струмица.

Увид на местото извршиле екипа од Итна медицинска помош Гевгелија, ОВР Гевгелија и инспектори од Државен трудов инспекторат Струмица, при што била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот било предадено за обдукција.

Share via
Copy link