„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов:важна е соработката меѓу локалната и централната власт
Со премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата, денеска од новата градинка „Виножито“ пуштивме силна порака за важноста на соработката помеѓу локалната и централната власт.
Токму оваа градинка е плод на таквата соработка, поддржана од Светска банка. Како Општина на која децата и се приоритет, а во соработка со ресорните министерства, постојано инвестираме во подобрувањето на капацитетите на градинките и училиштата.
Во инфраструктурното уредување околу новата градинка досега имаме инвестирано 20 милиони денари, тоа е улицата „Атанас Јанев“ со тротоарското уредување, улицата број 1 е веќе пробиена со општински средства од 9 милиони денари, а што претставува ново грло во населбата Касарна.
Продолжуваме понатаму уште посилно, а особено во населените места оти нашата цел е да мотивираме што повеќе граѓани да останат да живеат таму, а наша обврска е да инвестираме во подобрувањето на условите за живот и да ја спречиме миграцијата село – град.