fbpx

Полициски билтен:65 прекршоци за брзо возење, исчезната жена од Иловица, физички напад

 Полициски билтен:65 прекршоци за брзо возење, исчезната жена од Иловица, физички напад

На 26.11.2023 во периодот од 10:00 до 16:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 65 прекршување на брзината, од кои по 18 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Валандово и 13 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 40 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 26.11.2023 во Полициската станица Струмица, Н.Г.(37) од село Иловица, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Н.Г.(37). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.11.2023 во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link