Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Кривична пријава против двајца затворски работници од струмичкиот затвор
Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон, соопштија денеска од МВР.
На 04.12.2023, В.Т., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С. со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица.
М.С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В.Т. и М.С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност.
Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство.