Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени. Во Скопје, облачно и посвежо […]
Сто илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат денеска во државава, како донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина. Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на […]
Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, информираше министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил. „Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години“, напиша тој нагласувајќи дека количините постојано се надополнуваат, а граѓаните можат да се пријават на vakcinacija.mk
Министерството за надворешни работи информира дека грчката Влада донесе нова заедничка министерска одлука со која од денеска се укинуваат мерките за ограничување на копнените, воздушните и водните врски со трети држави, вклучително и државјани на Република Северна Македонија. Од денеска до 24 мај се дозволува влез во земјата под неколку услови. Сите патници кои влегуваат […]
Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Во продолжение е интегралниот текст на известувањето: Почитуван г. Џафери, Врз основа на член 75, став 1 од Уставот на Република Северна […]
Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку ГП ,,Евзони“, соопштија пред малку од МВР. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика […]
Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10%, повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука. Независниот академски синдикат (НАкС) исто така […]
Министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека до сега се аплицирани 175.348 дози вакцини, а се ревакцинирани 25.648 граѓани. „Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани. Бројот […]
Од вечер на полноќ стартува скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај. Работното време на угостителските објекти е продолжено до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување […]
Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи им честиташе Рамазан Бајрам на сите граѓани од муслиманската вероисповед, посакувајќи им многу здравје и среќа. Тој упати и апел да се почитуваат и здравствените протоколи и посака празничните денови да се поминат во слога и спокојство со најблиските. Во прилог прочитајте ја целата честитка: „Го честитам големиот муслимански верски […]