„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
МАНУ ќе промовира четири изданија за македонскиот јазик
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и институтот за македоснки јазик „Крсте Мисирков“ во вторник ќе промовираат четири изданија за македонскиот јазик.
Ќе бидат промовирани колективната монографија „Македонски јазик- континуитет во простор и време“ , меѓународниот зборник „Погледи за македонскиот јазик“ изборот на македонски текстови „Македонска хрестоматија“ и дијалектниот атлас „Лингвистички атлас на македоснките дијалекти (според материјалите на ОЛА)“ .
Поздравно обраќање ќе има академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ. Поради состојбата со ковид-19, промоцијата е планирано да се одржи на отворено.