„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Медија Флеш“ заедно со младите ја креираше програмата за спроведување на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“
Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ заедно и во соработка со млади членови на ЦИА „НОВУС“ и други младински организации ја креираше програмата за спроведување на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“
На работилницата, која се одржа во просториите на ЦИА „НОВУС“ и на која присуствуваа петнаесетина млади, координаторот на проектот, Ристо Тасев и асистентот, Веле Појразовски, ги запознаа присустните со значењето на проектот и како ќе се одвива неговото реализирање.
Основна цел на проектот е да се унапреди медиумската писменост и да се создадат вештини за критичко размислување и анализирање кај младите во Општина Струмица за да се справат со дезинформациите и лажните вести.
Овој проект ги поттикнува младите да станат одговорни конзументи на информациите, свесни да носат информирани одлуки и да се вклучуваат во конструктивен дијалог со сите релевантни чинители. Заради сето ова проектот цели и придонесува за создавање информирана и кохезивна заедница.
Со овој проект ќе се поттикне развој на механизмите за соработка кои се бараат од различни засегнати страни, вклучувајќи и медиумски организации, граѓанско општество, образовни институции, локални власти, млади и други чинители. Тие можат со заедничка работа да го намалат негативното влијание на лажните вести и дезинформациите и преку колективен напор од сите да се создаде заедница која е добро подготвена да се движи низ светот на информациите и да оди напред заедно.
Младите со интерес ја следеа работилницата и притоа побараа во спроведувањето на проектот да се изнесуваат примери на медиумски писмени содржини, но и примери на лажни вести за да можат целосно да ги согледат сите аспекти на медиумската писменост.
Оваа активност е поддржана од проектот „Млади агенти на промената“, имплементиран од Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД), Сојуз на извидници на Македонија и Ценар за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица со финансиска поддршка од ЕУ.
За повеќе информации следете ја фејсбук страницата на Здружението: https://www.facebook.com/mediaflashsr.