fbpx

Царината спречи шверц на апарати за игра на среќа

 Царината спречи шверц на апарати за игра на среќа

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел истите да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија, соопштија денеска од Царинската управа.

Апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги.

Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

Share via
Copy link