fbpx

Мицкоски: Патував со бизнис-класа поради здравствен проблем со колената

 Мицкоски: Патував со бизнис-класа поради здравствен проблем со колената

Здравствен проблем со колената е причината поради која премиерот Христијан Мицкоски одлучил да патува во авионска бизнис-класа на дел од неодамнешното патување во САД каде што учествуваше на Самитот на НАТО.

Мицкоски додаде дека патувал три дена и можело да не се врати, поради проблемот на Мајкрософт, доколку би имала државата авион патувањето би се скратило на еден ден, додаде премиерот.

За патувањето во Вашингтон заедно со својот син, тој рече дека во поканите од Америка пишувало дека можело да носи придружба и рече дека утре до Антикорупциска ќе достави докази за тој кој го платил билетот.

„Ако има еден милиметар отстапување би сносел одговорност“, заклучи Мицкоски.

Share via
Copy link