Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Министерот Спасовски ја пофали работата на СВР Струмица
-Од она што го слушнав на денешниот брифинг за СВР Струмица – вкупната ефикасност во откривачката дејност на ова подрачје годинава бележи зголемување за 18%, споредбено со истиот период 2022 година, и изнесува 60%, наспроти ланските 42%. Тоа, главно се должи на зголемената ефикасност во делот на класичниот криминал, при што реализацијата е зголемена за 52% споредбено со истиот период лани”, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите. Притоа, тој сподели статистички податоци во врска со ефикасноста на полицијата на ова подрачје под надлежност на СВР Струмица.
-Во 2023 година СВР Струмица може да се пофали и со зголемување на ефикасноста во расчистувањето на тешките кражби за 20,3% во споредба со минатата година, односно постигната е ефикасност од 58%, додека во делот на пријавени разбојништва реализирани се дури 90% од нив. Во однос на спречувањето на недозволена трговија со дрога во текот на 11-те месеци на подрачјето на СВР Струмица регистрирани се 58 кривични дела, а поднесени се 55 кривични пријави, што повторно претставува зголемување за 25 % за разлика од лани. Дополнително, четири кривични пријави се поднесени и од Законот за опојни дроги и психотропни супстанции, што е за 100% повеќе во однос на лани. Намалување од 17% е евидентирано, пак, кај нарушувањата на јавниот ред и мир, а 100% е зголемен бројот на поднесени кривични пријави на лица кои вршат бесправна сеча, транспорт и продажба на огревни дрва. Овој Сектор за внатрешни работи во текот на годинава може да се пофали со реализирани 2.261 превентивни активности, од кои 1.272 од областа на криминалитетот, 454 од областа на јавниот ред и мир и 535 од областа на безбедноста на патниот сообраќај, истакна министерот Оливер Спасовски по денешната средба во РЦ Југ во Кавадарци со раководствата на Секторите за внатрешни работи на Струмица и Велес.