fbpx

Министерство за транспорт и врски: нема да се зголеми цената на патарините

 Министерство за транспорт и врски: нема да се зголеми цената на патарините

-Во однос на информациите за цената на патарините, како што и на денешната прес-конференција најави министерот Бочварски, сакаме да потенцираме дека Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, нема да ја зголеми цената за наплата на патната такса, информираа денеска од оваа министерство.

Република Северна Македонија останува земја во регионот која нема да ги зголеми цените на патарините, а средствата собрани од наплата на патната такса, согласно плановите на Владата ќе се инвестираат директно за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти и тоа:

  • во изградба на автопати на Коридорот 8 и 10д, како и останатите автопатски делници со вкупна должина од преку 190 километри
  • во изградба на експресни патишта во должина од 64 километри
  • во рехабилитација на регионални и магистрални патишта од преку 150 километри
  • во  преку 450 километри локални патишта

Првичните анализи покажаа дека цените на градежните материјали во инфраструктурата само оваа година во споредба со 2021 година се зголемени меѓу 30 и 55 проценти и се во постојана осцилација, што директно влијаат врз буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта и реализацијата на капиталните проекти. Но, и во такви услови со зголемени цени на градежните материјали, Владата  преку Министерството за транспорт  врски ЈПДП останува на ставот дека цената на патарините нема да се зголеми, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Share via
Copy link