fbpx

Младински организации два дена се обучуваат за пристап до европски младински фондови

 Младински организации два дена се обучуваат за пристап до европски младински фондови

Директорката на Европската младинска фондација (European Youth Foundation) Гордана Берјан, директорот на „ЕРАЗМУС +“, Марко Ѓоргиевски, советникот за млади и младинска политики во Владата на РСМ, Ѓорги Тасев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски во Струмица се обратија на дводневната обука за претставници на форми на младинско организирање.

-Денешниот настан е еден од серијалот настани и обуки кои имат за цел да ја зголемат информираноста на младинските организации за Европските младински политики како и за фондовите за финансирање на проекти за млади. Наша обврска е да им овозможиме дополнителни шанси на младите и организациите со цел тие да создаваат позитивни работи и да бидат промената што сакаме сите да ја видиме. Имаме одлична соработка со Европската младинска фондација (EYF) , како инструмент на младинскиот сектор на Советот на Европа која обезбедува едукативна и финансиска поддршка на активностите што ги спроведуваат локални, национални и меѓународни младински организации и мрежи, истакан директорот на Агенцијта за млади и спорт, Мојсовски.

Советникот на претседателот на Владата за млади и младински политики, Ѓорги Тасев, потенцираше дека со овој настан се отвораат нови канали и можности за формите на младинско организирање во државата, но и да се испрати порака дека младинските организации можат да добијат нова финансиска поддршка.

-Поддршката што можат да ја добијат младинските организаци може да биде финансиска, логистичка или организациска и се однесува на младите, младинско учество, ранливи категории млади, млади на кои им е потребна поддршка со цел да ги реализираат своите идеи, да организираат акции со цел да се направи некоја промена во општеството, рече Тасев.

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, подвлече дека програмата „Еразмус+“ е една од највидливите и најдобри европски програми за младите и е многу искористена.

Во рамки на настанот гостите ја посетија „Европската куќа“ во Струмица, Младинската организација „НОВУС“ и Општина Струмица, каде го посетија Младинскиот центар, кој е во завршна фаза.

Настанот го организираат Европската младинска фондација во соработка со Агенција за млади и спорт, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус+), Europe House Strumica и Oпштина Струмица.

Share via
Copy link