Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица
Мотоциклист потешко повреден откако удрил во паркиран автомобил
На 29.06.2023 во 02:00 часот било пријавено дека во Струмица на ул.„Маршал Тито“ моторцикл „гилера“ без регистарски ознаки, управуван од М.В.(25) од Струмица, удрил во паркирано патничко моторно возило “пежо 407“ со беровски регистарски ознаки, соопштија денеска од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.