„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Моторџиите возеа до Струмица за безбедни патишта и чиста животна средина
Бајкерс Гараж заедно со мото клубовите во Македонија викендов во Струмица организираа настан со мото – тура со идеја да пратат јасна порака да се зачува чиста и здрава животната средина, да се зголеми безбедноста на патиштата, како и да се почитуваат правилата за безбедност во сообраќајот. Поддршка на настанот, на кој учествуваа над 50 моторџии од повеќе градови од Македонија даде и Еуромакс Ресоурцес, инвеститорот на проектот за рудник Иловица – Штука.
Авторот на настанот Александар Божинов објаснува дека Бајкерс Гараж е идеја и иницијатива на мото клубовите во Македонија, а поканетите клубови од Грција, Србија, Бугарија и Словенија ја посетиле Македонија претходниот викенд, кога настанот беше одложен за неделава.
„Организиравме еден независен мото собир со цел сите моторџии да испратиме порака дека возиме за одржување на чиста и здрава еколошка средина, редовно сервисирање на магистралните, локалните и регионалните патишта, како и за поголема безбедност во сообраќајот. Сакаме да испратиме една порака до сите дека моторџиите не се дежурните виновници за различни незгоди во сообраќајот. Напротив, тие можеби се најодговорните учесници во сообраќајот“, вели Божинов и дополнува:
„Со самиот настан многу малку можеме да придонесеме за чиста животна средина, но можеме да дадеме пример и да пратиме порака до сите кога ќе дојдат на пикник да го соберат отпадот и да не го остават зад нив. Моторџиите за викендите имаат рути на кои возат и секаде каде одат после себе го собираат целиот отпад“.
Во однос на инфраструктурата, Божинов се надева дека пораката ќе стигне до сите надлежни бидејќи патиштата може да бидат во подобра кондиција, со што се зголемува и безбедноста во сообраќајот. Во однос на младите моторџии, пак, Божиновски вели дека е важно секогаш да имаат мото – опрема.
„Пораката до младите возачи, како и до останатите е дека независно од големината на моторот секој мора да знае дека мото опремата е задолжителна, особено кацигата, и таа може да му го спаси животот. Најголемиот дел од несаканите повреди се поради непочитување на правилата. Целта на настанот е и да покажеме дека моторџиите ги почитуваат правилата, носат потребна опрема и строго го почитуваат ограничувањето на брзината. Пред сẻ сакаме да допреме до помладите генерации дека мотор не се вози без целосна опрема“, вели Божинов.
Бајкерс Гараж годинава се одржува за првпат, а одличниот одѕив меѓу мото – клубовите креира и добра основа да прерасне во годишен настан.
[КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА]