„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
На 10 и 11 јули прскање против комарци во осум општини од Југоистокот
-Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 10 и 11 јули 2024 година, во периодот од 20:00 часот до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:
-10 јули (среда) во општините Радовиш, Конче, Валандово и Дојран
-11 јули (четврток) во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.