„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
На Богородица запленети 5,6 килограми марихуана
Царинските службеници од царинската испостава Богородица на излез од државата открија и запленија 5,6 кг наркотична дрога марихуан, сокриена во резервната гума од автомобилот со македонски регистарски таблички, информираа денеска од Царинската управа.
Дрогата и возилото се привремено задржани, а од страна на инспекторите од Одделение за истраги од Царинската управа е спроведена истрага, по што до надлежното Основно јавно обвинителство – Гевгелија против две лица е поднесена кривична пријава.
Дрогата е однесена во Министерството за внатрешни работи – Одделение за крим техника на вештачење.
За едното лице е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а за другото лице безбедносна мерка задржување на патна исправа.