fbpx

На Граничен премин Богородица во едно деноноќие лишени од слобода четири лица заради фалсификувани исправи

 На Граничен премин Богородица во едно деноноќие лишени од слобода четири лица заради фалсификувани исправи

На 17/18.03.2023 од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции, на Граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија се лишени од слобода четири лица, од кои три странски државјани (еден од Р.Турција, двајца од Р.Албанија) и еден државјанин на Република Северна Македонија, заради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

Имено, на 17.03.2023 на излез од државата, А.А.(52) од Р.Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана. На 18.03.2023 при контрола на патничко возило „хјундаи санта фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото. Истиот ден (18.03.2023) од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45) и Е.Д.(49), доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи.

Странските државјани се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство.

Share via
Copy link