fbpx

Над 60 санкции за еден час во Гевгелија

 Над 60 санкции за еден час во Гевгелија

Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец  покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Гевгелија, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Гевгелија.

 „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Гевгелија  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Гевгелија се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Гевгелија ќе бидат презентирани утре.

Share via
Copy link