fbpx

Невреме во струмичко: откорнати пластеници, искршени дрвја, урнати електрични столбови

 Невреме во струмичко: откорнати пластеници, искршени дрвја, урнати електрични столбови

Невремето кое синоќа околу 21 часот го зафати струмичкиот регион откорна пластеници, искрши дрвја и урна електрични столбови.

Според информациите од надлежните служби имало паднати дрвја на патот меѓу селата Босилово-Еднокуќево и патот Струмица-Куклиш, на неколку локации во градот,а урнати бандери има во селата Дабиле, Баница, Иловица и Куклиш. Штетите се санирани од ЈПКД „Комуналец“ и ТППЕ Струмица.

Штети од невремето се регистрирани и во Радовиш, каде има паднати дрвја и затната атмосферска канализација.

Share via
Copy link