„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Објавен Јавниот повик за најдобро уредено колективно/станбено дворно место во Струмица
На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов ќе се поттикнуваат и наградуваат граѓаните за уредување на дворните места пред колективните станбени згради.
Денеска е објавен Јавниот повик за најдобро уредено колективно/станбено дворно место на територијата на општина Струмица за 2022 година.Право на учество имаат сите Заедници на сопственици или Управители на станбени згради за колективно домување кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во општина Струмица и коишто имаат формирано куќен совет.За докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети барателот до општина Струмица треба да достави:Решение за формирање на куќен совет Фотокопија од трансакциска сметка на барателотПријава за учество во конкурсот.
Наградниот фонд за Јавниот повик/конкурс изнесува вкупно 350.000,00 денари.Прво место 200.000,00 денари, Второ место 100.000,00 денари, Трето место 50.000,00 денари.
Јавниот повик ќе трае до 31.05.2022 година, а подетални информации можат да се добијат на општинската веб страница https://strumica.gov.mk/javen-povik-dvorno-mesto-2022