fbpx

Објавена листата со сместувачки капацитети каде што може да ги искористите ваучерите за туризам

 Објавена листата со сместувачки капацитети каде што може да ги искористите ваучерите за туризам

Доколку сте добитник на ваучер за туризам, сега можете да проверите и каде можете да го искористите. Имено, на страницата domasiedoma.gov.mk е објавена листа со сите сместувачки капацитети во кои можете да го искористите ваучерот.

Сместувачките капацитети се поделени на: хотели, физички лица и други објекти.

Вие треба само да ја одберете општината за која сте заинтересирани и потоа ќе ви се појави целата листа. Под секој сместувачки капацитет има телефон за контакт, е-адреса и веб-страница.

Ваучери добија вработените лица со нето-плата од 15.000 денари месечно и лица што се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП.

Тука можете да ја видите целата листа.

Share via
Copy link