„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одбележан патрониот празник на училиштата „Маршал Тито“ во Струмица и Муртино
Во Oсновното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица денеска беше одбележан патрониот празник.
Во присуство на гости и пријатели на училиштето, родители, вработени и ученици, за празникот зборуваше директорката Благица Устапетрова, а беше изведена и богата програма специјално подготвена за овој голем празник за училиштето.
Денеска празнуваа и учениците и вработените во Oсновното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино.
Пред спомен бистата на Јосип Броз Тито беше положено свежо цвеќе, а учениците од повеќе секции изведоа пригодна програма во чест на патрониот празник.
Со достојна почит и кон патронот и кон наставниците и учениците на одбележувањето присуствуваа и претставници од општина Струмица.