fbpx

Одбележана 68 годишнината од раѓањето на претседателот Трајковски

 Одбележана 68 годишнината од раѓањето на претседателот Трајковски

Општина Струмица и верните струмичани повторно му се поклонија на струмичанецот со чие име и дело бескрајно се гордеат, објави градфоначалникот Костадин Костадинов.

-Денес пред споменикот подигнат во негова чест, му одадовме почит на вториот македонски Претседател Борис Трајковски, по повод 68-годишнината од неговото раѓање.Ми беше чест и задоволство повторно да одржам реч за животот и делото на Претседателот Трајковски, еден од најистакнатите ликови во поновата македонска историја, и да ги „акцентирам“ неговите човечки и државнички особености. Борис Трајковски ќе остане зачуван во нашата колективна меморија како исклучително посветен политичар, но и како човек во вистинската смисла на зборот.Легендите никогаш не умираат. Претседателот Трајковски ќе остане да живее вечно и покрај неговото физичко отсуство. Тој заслужи да биде бесмртен и таков ќе остане се дури постојат Македонци во оваа наша македонска земја, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link