Костадинов:Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад
Одбележана деветгодишнината од големиот пожар над Струмица
Со полагање цвеќе пред споменикот на загинатите струмичани од големиот пожар кој избувна над Струмица пред девет години и притоа загинаа четири лица, а десетина беа повредени, беше одбележана годишнината од овој трагичен настан, во кој животите ги загубија браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од село Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица.
-Денес се сеќаваме на нивната храброст и на нивната пожртвуваност и тоа нека биде предупредување вакви немили настани да не се случуваат, бидејќи тогаш човечкиот фактор беше причина за една таква трагедија, изјави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Одбележувањето на деветгодишнината од големиот пожар над Струмица продолжува попладне со положување цвеќе на местото на пожарот, кај месноста „Двата Пата“.