„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одбележана годишнината од загинувањето на бранителот Атанас Јанев
Денес се навршуваат 20 години од загинувањето на нашиот сограѓанин Атанас Јанев кој беше една од жртвите на воениот конфликт од 2001 година. Јанев загина на денешен ден со уште двајца бранители од. редот на полицијата, во борбите кај гробиштата во Брњанци за ослободување на селото Арачиново.
По тој повод градоначалникот Коста Јаневски денеска положи свежо цвеќе пред Споменикот на бранителите на булеварот ,,Маршал Тито” заедно со претставници на семејството Јаневи, СВР –Струмица и Општинскиот сојуз на борците.
Атанас Јанев загина на 25-годишна возраст, а беше член на посебната единица за поддршка при МВР.