„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Оглас за вработување во ЕВН-Кориснички Енерго центар во Струмица
Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар во Струмица во Група 2, бараме:.
ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО СТРУМИЦА (М/Ж)
Работни задачи:
Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
Отчитување на податоци од броила
Контрола на приклучоци и мерни места
Замена на броила на корисници Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
Помош при отстранување дефекти
Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила
Потребни компетенции
IV степен електротехничко образование – Електротехничар – енергетичар
Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност
Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност
Возачка дозвола Б категорија
Одговорност, тимска работа
Комуникативност, флексибилност.
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и
мотивационо писмо најдоцна до 30.04.2021.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на
лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични
податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.